24фудбал

Џерард за трансферот на Кутињо: Кога децата имаат соништа...

Легендата на тимот од „Енфилд“ издвои дека ја почитува одлуката на Бразилецот и му посака среќа во новиот клуб.

Англија

Стивен Џерард, фудбалерот кој остави длабока трага во Ливерпул, го коментираше заминувањето на Кутињо од „Енфилд“ и преселбата во Барселона за фантастични 160 милиони евра.

Не сум воопшто изненаден од развојот и исходот на настаните. Знам дека Ливерпул направи се што можеше како клуб за да го задржи, работеше на тој случај доста напорно во текот на целото лето“ рече Џерард кој притоа му посака среќа на Кутињо во неговиот нов клуб.

Но, кога децата имаат соништа, Јужноамериканец, кој сака да игра за Барселона и мисли дека тоа е единствената шанса која би ја добил, во тој случај, тоа е многу тешко да го промените“ додаде легендата на Ливерпул кој истакна и дека нема сомнение во тоа дека Кутињо ќе му недостасува на клубот, за кого вели дека бил одличен фудбалер но исто така и прекрасна личност.