24фудбал

Иниеста ги демантираше шпекулациите дека наводно го игнорирал Кутињо (ФОТО)

Кутињо со добредојде и од Иниеста, за кого се шпекулираше дека го игнорирал големото засилување за Барселона.

Шпанија

Диарио Гол пренесе дека Иниеста го игнорирал Кутињо во соблекувалната на Барселона, наводно сите му посакале топло добредојде на новајлијата во тимот, но тој избегнал да се ракува со Бразилецот.

На ова се надоврзаа претходно објавените шпекулации дека во соблекувалната на Каталонците се предводи бунт од страна на Пике поради големата плата на Кутињо (14 милиони евра), но, самиот Иниеста на социјалните мрежи со фотографија демантираше дека го игнорирал Бразилецот.