24фудбал

Една од најскапите резерви, бара да си замине од Барса

Доаѓањето на Фелипе Кутињо им се допадна на навивачите на Барселона, но не и на сите фудбалери во тимот.

Шпанија

Андре Гомеш во Барселона пристигна како сериозно засилување, за него каталонскиот клуб плати 35 милиони евра кога го донесе од Валенсија минатото лето.

Но, Гомеш остана во сенка на Ракитиќ, а со доаѓањето на Кутињо дополнително се зголеми конкуренцијата на креативните позиции во средниот ред.

Гомеш оваа сезона одигра само девет меча и помина 258 минути на теренот, па 24-годишниот играч посакува да ја напушти Барселона и да се пресели во тим каде што ќе може да биде стандарден првотимец.

Се пишува дека Тотенхем е еден од најзаинтересираните, а цената на Гомеш сега се проценува на околу 20 милиони евра.