24фудбал

Фирмино го истакна своето разочарување: Ливерпул не е повеќе истиот без мојот магичен брат

Големо разочарување во тимот на Премиерлигашот по заминувањето на Кутињо.

Англија

Ако некој од составот на Ливерпул е посебно разочаран по заминувањето на Филипе Кутињо, тоа е се чини неговиот сонародник, Роберто Фирмино, кој на социјалните мрежи го истакна своето големо разочарување, но истовремено му посака среќа.

Ливерпул не е повеќе истиот без мојот магичен брат“ напиша Фирмино на социјалните мрежи.

Ти посакувам голем успех во иднина, сакам да уживаш во животот и да ги оствариш своите соништа брату мој. Господ секогаш да те штити тебе и твојата фамилија, ми беше чест да игра заедно со магионичар како тебе“ додаде фудбалерот на Ливерпул.