24фудбал

Фалкао побрз и од режисерот на преносот, Колумбиецот ја казни заспаноста на Ница (ВИДЕО)

Популарниот „Ел Тигре“ го спасуваше Монако од пораз пред своја публика.

Франција

Монако извлече реми со резултат 2-2 на домашен терен против незгодната Ница во редовното 21 коло од француската Лига 1, а двата гола за гостинскиот табор ги постигна Марио Балотели.

Во самиот финиш од средбата бод за домаќините донесе Радамел Фалкао, кој мошне брзо реагираше при еден прекин пред казнениот простор на Ница, а во тоа беше толку брз што дури и режисерот на преносот не успеа да ја проследи во тек оваа брза реакција на домаќините.