24фудбал

Несторовски повеќе нема да биде осамен во нападот на Палермо

Капитенот на Палермо го добива новајлијата во тимот како партнер во нападот.

Македонија

Според информациите кои ги пренесува „Џорнале ди Сицилија“, се вели дека стратегот од клупата на италијанскиот второлигаш Палермо, каде настапуваат Илија Несторовски и Александар Трајковски, во вториот дел од сезоната ќе игра со нова формациска поставеност.

Новајлијата во тимот кој потпиша пред само неколку денови, напаѓачот Стефано Морео ќе му биде партнер во нападот на капитенот на тимот, Несторовски, пишува претходно наведениот медиум, и тоа во формациска поставеност 3-5-2.


Претходно Палермо играше со еден напаѓач, и тоа главно Несторовски кој со десет погодоци е прв стрелец на екипата од Сицилија која заврши како првопласирана на табелата во првиот дел од сезоната од Серија Б.

Палермо викендов гостува кај Специја и токму на овој натпревар Несторовски ќе игра со Морео во напаѓачкото дуо на Палермо, а очекувањата се од првата минута да стартува и Трајковски.

 

Извор: ilovepalermocalcio.com