24фудбал

Пет секунди магија од Меси, му ја „скрши кичмата“ на Гвардадо, па му ја протна топката низ нозе (ВИДЕО)

Лео Меси не престанува да ги воодушевува фудбалските љубители, Аргентинецот вечерва приреди нова магија на Бенито Виљамарин а жртва му беше Гвардадо

Шпанија

Ѕвездата на Барса учествуваше со два гола и асистенција во победата од 0-5, но социјалните мрежи „горат“ поради неговиот потег на неколку минути пред крајот на мечот.

Во пет секунди магија на Лео Меси, Аргентинецот му ја „скрши кичмата“ на Гвардадо а потоа му ја протна топката низ нозе, потег со кој изнуди воздишки и аплауз и од домашната публика.