24фудбал

Во потрага на замена за Робен и Рибери, Баерн краде уште еден талент на Дортмунд

19 годишниот фудбалер е мета број еден на тимот од Минхен.

Германија

Кристијан Пулишиќ важи за еден од најталентираните фудбалери во светот, му се предвидува блескава кариера, а тој веднаш влезе на радарот на минхенски Баерн.

Се чини дека Борусија Дортмунд и во овој случај, како и во претходниде со своите ѕвезди, ќе биде немоќен пред својот ривал, а „Билд“ пренесува дека Пулишиќ котира мошне високо на листата на желби на Баварците кои сакаат достојна замена за Робен и Рибери.

За талентираниот Американец интерес имаат пријавено Барселона и Ливерпул, а познато е дека тој е страствен навивач на Манчестер јунајтед.