24фудбал

Гризман ги воодушеви фановите, Французинот постигна гол а истиот го посвети (ФОТО+ВИДЕО)

Убав гест на францускиот офанзивец на мечот против Малага.

Шпанија

Атлетико Мадрид со минимален триумф од 0-1 се враќа од гостувањето кај Малага во редовното коло од шпанската Примера.

Единствениот гол за Јорганџиите го постигна Антоан Гризман уште во првата минута од средбата, а истиот беше со посвета.


Гризман го прослави погодокот држејќи дрес со натписот на навивач на клубот Начо Барбера кој почина играјќи на натпревар за младинскиот состав на Атлетико за фудбалери до 12 години минатиот викенд.

Еве го и неговиот погодок постигнат по 40 секунди игра на мечот...