24фудбал

Роналдо и Реал се загреаа за ПСЖ, хет-трик на ЦР7 во победата од 5-2 над Сосиедад (ВИДЕО)

„Кралевите“ лесно со високи 5-2 го добија дуелот со Реал Сосиедад и се загреаа за големиот предизвик против ПСЖ во Лигата на шампионите

Шпанија

Избраниците на Зинедин Зидан го положија последниот тест пред нок-аут фазата од Лигата на шампионите. Вечерва на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид лесно со високи 5-2 го доби дуелот со Реал Сосиедад.

Резултатот беше отворен по само 60 секунди, Вазкез погоди со глава за 1-0.  Потоа на сцена стапи ЦР7, на асистенција на Марсело, Роналдо зголеми на 2-0 во 27. минута. Во 34. минута веќе беше 3-0, Тони Крос одлично пласираше за нова радост на домашните навивачи. До пред крајот на првиот дел гостите капитулираа уште една, Роналдо скокна највисоко по еден корнер за 4-0.

Во 74. минута, Баутиса намали на 4-1, за Роналдо пет минути подоцна го комплетираше својот хет-трик и да пукне „петарда“ во мрежата на гостите.

До крајот на натпреварот, Иљараменти само го ублажи поразот и ги постави конечните 5-2.