24фудбал

Вардар во Ѓорче Петров ќе го игра мечот со Победа

Натпреварот помеѓу Вардар и Победа во рамките од 20. коло во ПМФЛ ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.

Македонија

Вардар информира дека мечот со Победа ќе го игра на стадионот во Ѓорче Петров, а не на арената „Филип Втори“.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 14 часот. Вардарци немаат право на кикс за да ги одржат шансите за одбрана на титулата.

Главен судија на натпреварот ќе биде Петар Мантев од Неготино. Негови помошници ќе бидат Илија Гонев од Неготино и Ѓорѓи Карајанов од Гевгелија. Четврти судија ќе биде Зоранчо Темелков од Кавадарци.