24фудбал

Тричковски го матираше Богатинов на Кипар (ВИДЕО)

Мојсов и Тричковски го добија дуелот против Богатинов.

Македонија

Етникос Ахна на нашиот голман Мартин Богатинов забележа тежок пораз од 6-1 на гостувањето кај АЕК Ларнака каде настап за победничкиот табор имаа Иван Тричковски и Даниел Мојсов.

Тричковски постигна два гола во победата на својот тим, а токму еден од тие два беше против Богатинов кој беше заменет уште на стартот од второто полувреме.


Мојсов, исто како и Тричковски ги одигра сите 90 минути во тимот на домаќинот.