24фудбал

Голеада во Севиља, во меч со осум гола Реал Мадрид го победи Бетис (ВИДЕО)

Бетис и Реал Мадрид одиграа драматичен натпревар со пресврти кој заврши со победа на кралскиот клуб од 5-3.

Шпанија

По победата над ПСЖ, Реал Мадрид дојде до нов триумф, овој пат во Примера на гостувањето кај Бетис.

Кралевите одлично го почнаа мечот, поведоа со гол на Асенсио во 11. минута. Но потоа следуваа два гола на Бетис за комплетен пресврт, Манди погоди со глава, а Начо си постигна автогол.

По пет минути игра во второто полувреме Серхио Рамос погоди за изедначување на 2-2, а девет минути подоцна Асенсио реализираше за нов пресврт овој пат во полза на Реал Мадрид.

Во 65. минута следуваше гол на Кристијано Роналдо за 4-2, со тој погодок Португалецот се изедначи со Раул по бројот на постигнати голови за Реал Мадрид.

За финишот да биде поинтересен се погрижи Леон кој намали на 4-3, но домаќините немаа сили за израмнување, конечниот резултат го постави Бензема во 92. минута.