24фудбал

Што гледаа судиите и ВАР, Калабрија играше со рака а ништо не беше досудено (ФОТО)

Нов спорен момент со ВАР во Серија А, на дуелот помеѓу Милан и Сампдорија дефанзивецот на домаќините Калабрија игрше со рака но не беше досудено ништо

Италија

Видео технологијата требаше да донесе поголема транспарентност на натпреварите, но наместо тоа ВАР креира голема конфузија кај фудбалските љубители.

Нов таков момент имаше во 38. минута од средбата помеѓу Милан и Сампдорија кога гостите бараа пенал за играње со рака на Калабрија. Судијата не досуди ништо, целиот инцидент беше прегледа и со ВАР но и покрај тоа исходот беше ист.

Од повторените снимки јасно се гледа дека Калабрија играше со рака, па има неколку верзии зошто ништо не е досудено.


Главниот судија Довери сметал дека играњето со рака на Калабрија не било намерно, па затоа не се огласил. Иако со помош на ВАР се забележува дека дефанзивецот на Милан спречил добра шанса на противникот, видео технологијата не може да стори ништо бидејќи играњето со рака е неколку сантиметри надвор од шеснаесетникот и нема на која основа да се преиначи одлуката на Довери (ВАР се користи за офсајд, пенал, погодок или црвен картон).


Можеби најголемата мана во моментов на ВАР е тоа што судијата јавно не ја обелоденува причината за својата одлука како што тоа се прави во другите спортови каде што има прегледување на снимките, и тоа придонесува за конфузија кај присутните на стадионот и оние крај малите екрани.