Категорија: Англија 19.02.2018 22:13
Клубот од Северен Лондон не открива детали и бројки, но според медиумите од „Островото“ пет годишниот договор е тежок нешто над 200 милиони фунти, или 40 милиони фунти по сезона.
Арсенал вели дека ова е најбогат договор во нивната историја но за да се добие подобра перспектива треба да се направи споредба со останатите ривали од Премиерлигата.
Рекордниот договор на „Топџиите“ сепак не е најбогат во Англија, тоа место му припаѓа на Манчестер јунајтед, „Црвените Ѓаволи“ од спонзорскиот договор со Шевролат инкасираат 47 милиони фунти.
Договорот на Арсенал и Емирати е на нивото на оној кој го има Челси со Јокохама, и подобар од оние на Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул.