24фудбал

Драма во Турција: Гомис колабираше на терен, а потоа следеше шокирачка одлука на лекарскиот тим на Галатасарај (ВИДЕО)

Напаѓачот на турскиот гигант ги загрижи сите на теренот, и своите соиграчи, и фудбалерите на противничкиот тим.

Останато

Галатасарај загуби на гостувањето кај Кашимпаша со 2-1 во 22 коло од турската Суперлига, а исходот од средбата во Истанбул заврши во сенка по тоа што се случи во еден момент од мечот по кој сите беа во шок.

Напаѓачот на Галатасарај, Бафетимби Гомис во еден момент од средбата колабираше и падна на теренот, по што настана паника во двата табора, по укажаната лекарска интервенција било констатирано дека напаѓачот имал низок крвен притисок, па тоа било причината зошто му се слошило.

Но, потоа настана една доста чудесна одлука на лекарскиот тим на Галатасарај кој му дозволи на Гомис да се врати на мечот и истиот да го доигра до крај.