24фудбал

Гвардиола и неговиот ривал од Виган се испокараа во тунелот (ВИДЕО)

Тешка расправија падна во тунелот која малку недостасуваше да прерасне и во нешто поголемо.

Англија

Виган на домашен терен го пречекува лидерот во англиската Премиерлига, Манчестер Сити во петтото коло од ФА Купот.

Падна расправија помеѓу тренерот на домаќините Пол Кук, како и гостите Пеп Гвардиола, по еден остар и премногу невнимателен старт на Делф врз фудбалер од домашниот табор, а фудбалерот на Сити заработи директен црвен картон по ова во финишот од првиот дел.

Сепак, расправијата можеше да премине и во физичка пресметка помеѓу тренерите на обете екипи во тунелот на паузата, а беа одвојувани од обете страни...