24фудбал

Сензација: Третолигашот Виган го исфрли Манчестер Сити од ФА Купот! (ВИДЕО)

Со гол на славниот Вил Григ за кого е напишана една од највпечатливите навивачки песни, Виган го победи Манчестер Сити со 1-0 и го елиминираше од ФА Купот.

Англија

Манчестер Сити не влезе со потценување против Виган, напротив Пеп Гвардиола извади силен состав, но домаќините со пожртвувана игра дојдоа до сензационален резултат.

Манчестер Сити напаѓаше, се редеа шанси пред голот на Виган, но мрежата не се тресеше. Пред крајот на првото полувреме Делф доби црвен картон поради опасен старт, Сити остана со играч помалку.

И покрај тоа што имаа играч помалку, Манчестер Сити беше тимот кој напаѓаше, но гол немаше. Во 79. минута по една контра Вил Григ погоди за водство на Виган од 1-0.

Со голема борба домаќините успееја да го одржат водството до самиот крај а по последниот свиреж на судијата заедно со своите навивачи се радуваа во теренот на големиот успех.

Вил Григ е фудбалерот за кој навивачите на Виган и на Северна Ирска ја пејат "Will Grigg's on fire, your defence is terrified" која беше хит меѓу навивачите на Европското првенство.