24фудбал

Случајност или стара финта: Челси повторно на лош терен ја пречекува Барселона (ВИДЕО)

Вечерва Челси и Барселона повторно ќе ги одмерат силите во Лигата на шампионите, а теренот на Стемфорд Бриџ и овој пат е во лоша состојба.

Лига на Шампиони

Во времето на Мурињо имаше шпекулации дека сините намерно го копаат теренот за Барселона да не може да ја практикува својата течна игра.

Шпанските новинари кои имаа можност да прошетаат на теренот пред денешниот меч излегоа со слики и видеа дека и овој пат теренот е во очајна состојба.

Дали и Конте како и Мурињо пробува со лош терен да ја сопре Барселона или теренот во овој период од годината едноставно не може да биде подобар, веројатно нема да дознаеме.