24фудбал

Полувреме: Мируваат мрежите на мечот во Лондон, Баерн со водство над Бешикташ (ВИДЕО)

Први 45 минути игра од вечерашните пресметки во осминафиналната рунда од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Нерешено а воедно и без погодоци заврши првото полувреме на мега пресметката Челси – Барселона, додека пак домаќините на мечот Баерн Минхен – Бешикташ имаат водство до кое дојдоа на три минути пред истекот на првото полувреме.

Барселона го имаше поседот на топката на Стемфорд Бриџ, а во однос на обидите кон голот се рамноправни со домаќинот Челси.

Азар ја имаше првата шанса на мечот во Лондон уште во петтата минута откако неговиот удар профуче крај дирекот на гостите, кои првата шанса на мечот ја имаа десет минути подоцна откако Паулињо не се снајде со глава при една опасна нафрлена топка во казнениот простор на домаќините.

Сепак, најдобрата прилика да ја смести топката во мрежата од голот ја имаше Вилијан кој на одличен начин упати удар кон голот на гостите, но истиот заврши во конструкцијата од голот.

Баерн Минхен има целосна доминација во играта од мечот против Бешикташ пред своја публика, но се помачи за да дојде дo почетно водство, домаќините разбирливо имаат и огромна разлика во однос на противникот во поседот на топката.


Бешикташ од 16. минута игра со фудбалер помалку откако дефанзивецот Вида при еден старт врз Левандовски доби директен црвен картон.


Одлична прилика да го отвори резултатот имаше Хамес Родригез, и тоа од слободен удар, но неговиот удар заврши крај голот на гостите.

Вагнер Лав минута подоцна возврати со прилика за турскиот тим, но имаше лоша завршница по една соло акција.

Хумелс можеше да погоди со глава, но неговиот удар на крајот го блокираше Фабрицио кој ја расчисти опасноста на одличен начин, а на шест минути пред крајот на првиот дел Кварезма по една успешна соло акција биеше прецизно кон голот на Баерн, но домашниот чувар на мрежата Улрих имаше уште подобра интервенција.

Во 43. минута Милер  доби употреблива топка во казнениот простор на гостите и го совлада нивниот голман носејќи минимално водств за својот тим.