24фудбал

Вилијан погоди за Челси против Барселона, Баерн до капитална предност против Бешикташ (ВИДЕО)

Челси поведе против Барселона, Германскиот првак има водство од 3-0 против турскиот ривал.

Лига на Шампиони

На Вилијан првиот пат не му успеа, во првото полувреме погоди во стативата од голот на Барселона, но Бразилецот во второто полувреме беше попрецизен и погоди за водство на Челси во мега пресметката од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Бразилецот во 62. минута донесе водство од исклучително значење за англискиот првак.

На вториот меч за вечерва, Баерн Минхен во целост ја користи бројчаната предност на теренот против Бешикташ кој од 16. минута по директниот црвен картон на дефанзивецот Вида игра со играч помалку.

Германскиот тим по осум минути игра во вториот дел преку Коман дојде до водство од 2-0 откако во првото полувреме Милер донесе почетно водство од 1-0. Во 62. минута Милер со својот втор гол на средбата во Минхен донесе водство и од 3-0 за Баерн.