24фудбал

Лајпциг направи пушачки оддел во соблекувалната за Сари (ФОТО)

Во четврток интересна пресметка во Германија во реваншот од шеснаесфиналето од Лига Европа.

Лига Европа

Лајпциг ја доби првата пресметка со Наполи и тоа на гостински терен совладувајќи го лидерот во Серија А со 1-3, а германскиот бундеслигаш сака да се покаже како добар домаќин на реваншот предвиден во четврток.

Интересна вест ни доаѓа за реваншот на Ред Бул Арената, за која домаќинот направил „пушална“ за шефот на стручниот штаб на Наполи, Мауруцио Сари во гостинската соблекувална.

Познато е дека италијанскиот стратег е страствен пушач, а германски „Билд“ објави и фотографија за тоа како ќе изгледа посебниот оддел во соблекувалната на Наполи.