24фудбал

Панчев без влакна на јазикот: Одредени поединци предолго време добиваат континуирано шанса, а не покажуваат ништо

Спортскиот директор на македонскиот првак отворено по денешното лошо издание на вардаровите фудбалери против големиот ривал во нашето првенство.

Македонија

Вардар одигра нерешено (1-1) на домашен терен во првиот меч со големиот ривал Шкендија во четвртфиналето од македонскиот куп.

Дарко Панчев, спортскиот директор на бранителот на трофејот во нашиот најсилен фудбалски шампионат, говореше отворено во интервјуто за „Спорт1“ каде потенцираше дека реми со еден квалитетен тим како Шкендија со такво слабо издание не е лошо, но додаде дека одредени фудбалери не ја заслужуваат приликата за докажување која им се укажува од тренерот Чеде Јаневски.

Одредени поединци предолго време добиваат континуирано шанса, а не покажуваат ништо“ вели тој во интервјуто, а притоа потенцираше дека од денешниот меч Вардар треба да научи како не треба да се игра.


Целото интервју на „Спорт1“ прочитајте го – ТУКА.