24фудбал

Ѓуровски: Во Муанг Тонг беа шокирани кога одлучив да потпишам за Бангкок, но, почитта остана

Привремениот македонски репрезентативец презадоволен од претстојот во Тајланд.

Македонија

Веќе шест сезони популарниот „Супер Марио“, како што го нарекуваат нашиот Марио Ѓуровски царува во фудбалскиот шампионат на Тајланд, а тој во интервју за српски „Курир“ смета дека луѓето имаат погрешна перцепција за тамошниот фудбал, за ково вели се вложува многу.

Луѓето имаат погрешна претстава од фудбалот во Тајланд, лигата е атрактивна, убава за око за гледање, со многу голови, убави потези и позитивна енергија, како на стадионот, така и вон него. Се вложуваат многу пари, Тајланд во фудбалска смисла на зборот напредува“ вели Ѓуровски, членот на Бангкок, а претходно играше за ривалот на истиот, Муанг Тонг.

Муангтонг и Бангкок се ривали како Црвена Звезда и Партизан, Бангкок јунајтед е клуб кој постојано расте и се развива, меѓутоа морам да издвојам дека Муанг Тонг е клуб кој остана во моето срце и тој период е најубавиот во мојата кариера. Беа шокирани кога преминав во Бангкок, но почитта остана. Ми беше убава таа промена по четири сезони“ додаде Македонецот.


Извор: kurir.rs