24фудбал

Алиоски против Брентфорд направи нешто, што не му успеа на ниту еден фудбалер на теренот

Одлично издание на нашиот репрезентативец во победата на Лидс.

Македонија

Лидс конечно по еден подолг период резултатска криза успеа да дојде до победа во англиската чемпионшиплига, откако го доби дуелот на домашен терен против Брентфорд, минимално со 1-0.

Она што нам не радува е тоа што нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски веќе два меча по ред е импресивен во своето издание за тимот од Еланд Роуд, претходниот натпревар погоди во ремито за својот тим, а вчера асистираше во единствениот гол за победа.

Сепак, асистенцијата не беше единствениот позитивен податок кој влезе во нотесот од изданието на популарниот Џани вчера, Македонецот имаше добиено осум дуели против Брентфорд, нешто, што не му успеа на ниту еден фудбалер на теренот.