24фудбал

Нејмар ја покажа повредата, ќе го пропушти ли мечот со Реал Мадрид? (ФОТО)

ПСЖ со 3-0 го доби француското класико против Марсеј, но тимот беше повеќе разочаран од овој дуел отколку што славеше бидејќи Нејмар заработи повреда поради која можеби ќе го пропушти важниот меч со Реал Мадрид.

Франција

Нејмар во 77. минута на носилки, со солзи во очите беше изнесен од теренот. Што алудираше дека се работи за сериозна повреда за чие санирање ќе биде потребно подолго време.

Се уште се чека на точната дијагноза по што ќе се направат прогнозите колку тој би бил отсутен од теренот и дали ќе го пропушти дуелот со Реал Мадрид.

Во меѓувреме Нејмар преку социјалните мрежи објави фотографија од повредената нога.