24фудбал

Паје бил вознемирен од глумата на Нејмар, преку судијата му се заканил на Бразилецот

Дел од француските медиуми шпекулираат дека првата ѕвезда на Олимпик Марсеј не го поднел однесувањето на Бразилецот од спротивниот табор.

Франција

ПСЖ го доби дербито на Франција против Олимпик Марсеј каде славеше со 3-0 пред своја публика, но, го загуби својот најдобар фудбалер, Бразилецот Нејмар кој со носилки и солзи на очите беше изнесен од теренот откако се здоби со повреда.

Француски „РМЦ“ пренесува дека Дмитри Паје, првата ѕвезда на Олимпик Марсеј, неколку минути пред да се случи повредата на Бразилецот имал порака до главниот арбитар на средбата до Париз.

Кажете му на Нејмар да се смири, доколку не го стори тоа, ние ќе се погрижиме за тоа“ наводно му рекол Паје.