24фудбал

ПСЖ му даде се, но Светското првенство му е поважно, Нејмар одлучил да оди на операција!

Медиумите од Бразил пишуваат дека Нејмар решил да замине под нож за да ја санира микро фрактурата на петата метатарзална коска на стапалото, напаѓачот ќе паузира околу два месеци

Франција

„Светците“ изминатово лето го направија Нејмар најскапиот фудбалер во историјата откако искешираа 222 милиони евра, а го направија и еден од најплатените во светот на фудбалот со плата од преку 36 милиони долари.

Напаѓачот исто така во Париз има привилегии како ниту еден друг ирач, но ниту тоа не е доволно за Бразилецот да си ја ризикува кариерата за ПСЖ.

Тој има микро фрактура на петата метатарзална коска на стапалото, постоеше можност да стисне заби и да настапи на реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите но да ризикува посериозна повреда и подолга пауза.

Со оглед на тоа дека ова лето е Светското првенство, Нејмар не сака да ризикува па во следните денови ќе замине на операција за целосно да ја санира повреда. Ваквата вест прв ја пренесе Глобоеспорте, а потоа ја потврди уште еден реномиран извор од Бразил, УОЛ Еспорте. Двата медиуми велат дека самиот Нејмар уште вчера донел одлука да оди под нож.

Се уште не е одлучено дали операцијата ќе биде изведена во Франција или Бразил. Се очекува тој да паузира два месеци и да се врати на терените во мај со што ќе има доволно време да влезе во топ форма за мундијалот во Русија.