24фудбал

Емери испадна будала, таткото на Нејмар открива: ПСЖ знае дека дека ќе биде без мојот син од шест до осум недели

Таткото на Нејмар открива дека неговиот син нема да настапи против Реал Мадрид во реваншот од Лигата на шампионите и додава дека утре ќе падне одлука за операција на стапалото

Франција

Медиумите од Бразил попладнево пренесоа дека Нејмар одлучил да замине на операција со цел да ја санира повредата и целосно да биде подготвен за Светското првенство.

Ваквите вести експресно ги негираше Унаи Емери, тренерот на ПСЖ обвини дека медиумите ширеле лаги и убедуваше дека напаѓачот има шанси да игра против Реал.

Но вечерва таткото на Нејмар откри дека „Светците“ веќе знаат дека ќе мораат да се снаоѓаат без Бразилецот во следните шест до осум недели и направи будала од стратегот.

„ПСЖ веќе знае дека нема да може да смета на Нејмар во следните шест до осум недели - вели таткото на напаѓачот за ЕСПН.

„Во среда ќе има состанок на кој ќе падне одлука за операцијата. Клубот го чека правиот момент за да одлучи каде ќе се изврши операцијата и кој доктор ќе ја изврши. Чекаат да пристигне првиот човек на лекарскиот тим на репрезентацијата на Бразил и да договорат која е најдобрата процедура. Од големо значење е што поскоро да замине под нож, немаме многу време за чекање. Со операција најбрзо ќе се врати во топ форма. ПСЖ добро знае дека не може да смета на него. Апсурдно е да се мисли дека тој ќе може да игра против Реал со фрактура на стапалото. Нема шанси тоа да се случи.