24фудбал

Докторот на Бразил пристигна во Париз, во игра три сценарија за повредата на Нејмар

Ѕвездата на ПСЖ денеска ќе има нови тестови кои сега ќе бидат направени под будното око на докторот на репрезентацијата на Бразил по што ќе биде донесена конечна одлука

Франција

Нејмар на дуелот со Марсеј заработи повреда, првите тестови покажаа дисторзија на скочниот зглоб и микро фрактура на петата метатарзална коска на стапалото.

Бразилецот денеска ќе направи нови тестови кои ќе бидат извршени под будното око на докторот на „Кариоките“. Потоа заедно во консултација со лекарскиот тим на ПСЖ ќе биде донесена одлука. Според Радио Монте Карло, во игра се три сценарија.

Операција и пауза од шест до осум недели

Во моментов се чини дека ова ќе биде најверојатниот исход. Во разговор со ЕСПН, таткото на Нејмар синоќа изјави: „Без разлика дали ќе има операција или не, ПСЖ веќе знае дека нема да може да смета на него на следните натпревари. Одлуката за операција ќе биде донесена денска.

Санирање на повредата со мирување

И оваа опција ќе биде разлгедана од докторите. Дали Нејмар ќе мора да оди под нож или може со мирување да ја санира повредата. Дисторзијата на скочниот зглоб не е толку страшна и може да се санира со одмор, но многу потешко ќе биде опоравување на микро фрактурата на петата метатарзална коска на стапалото. Нејмар ќе треба да биде трпелив, нема да има точна временска рамка за враќање на терените, ниту пак ќе има гаранции дека повредата нема да биде обновена. Ризик кој најверојатно Бразилецот нема да сака да го превземе на четири месеци пред Светското првенство

Настап против Реал и потоа да се мисли како понатаму

Доколку сè е во ред со скочниот зглоб и болката не е страшна, Нејмар би можел да стисне заби и да истрча на Паркот на Принцовите на 6. март за реваншот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Со добра бандажираност и инекција против болка, Нејмар ќе може да настапи. Но еден ваков потег носи двоен ризик. Играчот да ја обнови повредата и на сред меч да го напушти теренот, или пак да ја влоши ситуацијата и да заработи уште посериозна повреда. Сценарио кое очигледно не му паѓа ниту на ум на играчот судејќи според зборовите на неговиот татко.