24фудбал

Ако Нејмар направи операција, ПСЖ може да го тужи и да бара оштета!

Медиумите од Бразил пренесуваат дека во договорот помеѓу ПСЖ и Нејмар има посебна клаузула која на „Светците“ им дава право да одлучат за медицинскиот третман на играчот, па тој не може да замине под нож без дозвола од клубот

Франција

Микро фрактуратa на петата метатарзална коска на стапалото која ја заработи Нејмар прераснува во сапунска опера.

Нејмар сака што поскоро да замине под нож со цел да биде во топ форма за Светското првенство додека пак лидерите на ПСЖ преферираат најпрво да се почне со конзервативен третман и до последен момент опција да биде настап на Бразилецот на реваншот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Според весникот Фоља де Сао Пауло, една клаузула од договорот на Нејмар вели дека ПСЖ е тоj што одлучува за медицинскиот третман на играчот.

Доколку напаѓачот не ја следи наредбата од „Светците“, клубот може да го раскине договорот, да го тужи Нејмар и да бара соодветна оштета.

Токму поради оваа клаузула, од Бразил вчера проструи информација дека Нејмар ќе направи операција, играчот на овој начин сака да изврши притисок врз лидерите на ПСЖ.