24фудбал

ПСЖ легна на брашното, Нејмар лета за Бразил на операција

„Светците“ потврдија дека Нејмар ќе мора да оди под нож, напаѓачот лета за Бразил каде на крајот од неделата ќе биде опериран

Франција

Крај на сите дилеми околу можноста Нејмар да настапи против Реал Мадрид во реваншот од Лигата на шампионите. ПСЖ вечерва соопшти дека Нејмар лета за Бразил на операција.

Ваквите вести медиумите од Бразил ги обелоденија уште вчера, но Унаи Емери велеше дека тоа биле лаги. Денеска се говореше дека „Светците“ се тие кои одлучуваат и дури можат да го тужат играчот, но клубот од Паркот на Принцовите си легна на брашното.

Нејмар не сака да ризикува ништо пред мундијалот во Русија па сака уште сега да ја санира незгодната повреда и микро фрактуратa на петата метатарзална коска на стапалото со цел да биде целосно подготвен за Светското првенство.

Операцијата ќе биде извршена кон крајот на неделата од страна на доктор Родриго Ласмар, а ќе му асистира професорот Сајан, човек кој ќе се грижи за интересите на ПСЖ