24фудбал

Нејмар игра за Б-клуб, барeм така вели договорот на Бразилецот со Најк! (ФОТО)

Медиумите од Бразил објавија детали од соработката на Нејмар со американскиот гигант за спортска опрема Најк, договорот открива интересни суми како и тоа дека ПСЖ не е клуб од А класа

Франција

УОЛ Еспорте стигнал до документи од договорот на Нејмар со Најк. Документите се потпишани во 2011 и договорот е во трајност до 2022. УОЛ Еспорте не знае дали во меѓувреме Бразилецот ставил параф на нова соработка со американскиот гигант за спортска опрема.

Од документите се гледа дека Нејмар ќе биде награден во зависност од тоа каков успех ќе забележи и за кој клуб ќе настапува. Клубовите се поделени во четири категории: А, Б, Ц, Д.

Во А категорија во тоа време спаѓале Барселона, Реал Мадрид, Челси, Милан, Манчестер јунајтед, Арсенал, Јувентус, Баерн и Интер.

Од премиите кои може да ги добие, најбогата е онаа за освојување на „Златната топка“. За првата ваква индивидуална награда, Нејмар ќе „лапне“ 1 милион долари, 2 милилиони долари за втората , 3 милиони долари за третата и 4 милиони долари за за четвртата.

За триумф на Светско првенство тој ќе добие скромни 50.000 долари, но затоа пак премијата ќе биде 200.000 долари доколку на мундијалот заврши како прв стрелец или пак биде прогласен за најдобар играч.

Слични се исплатите и за Олимписките игри, триумф му носи 20.000 долари, додека прв стрелец 100.000 долари а најдобар играч 150.000 долари.