24фудбал

Нешто повеќе за газдата на ПАОК кој со пиштол влезе на теренот на дербито против АЕК

Грчката влада одлучи да го суспендира привремено тамошниот фудбал по инцидентот на дербито помеѓу ПАОК и АЕК каде газдата на домашниот тим вооружен влезе на теренот.

Останато

Иван Савидис, првиот човек на ПАОК гневен поради поништениот гол на Варела против АЕК во грчкото дерби помеѓу екипите коис е борат за титулата во фудбалскиот шампионат на нашиот сосед, влезе на теренот со пиштол околу појасот и почна вербално да ги напаѓа судиите опкружен од своето обезбедување.


Савидис важи за човек близок до претседателот на Русија, Владимир Путин, тој е поранешен пратеник во руската Дума, а инаку е роден во Грузија.

Станал еден од најпрочуените руски бизнисмени бавејќи се со тутун, а бил поранешен прв човек на рускиот фудбалски клуб Ростов.

Пред шест години го спаси ПАОК кој имаше огромен долг, плаќајќи 11 милиони евра за да го покрие долгот на клубот од Солун, а сезонава истиот тој клуб веќе се бори за титулата во најсилниот грчки шампионат, цели 32 години Солун чека титула, па токму годинава тоа би можело да се оствари.

Еден од неговите успешни бизниси во овој момент е и поседувањето на хотел со пет звезди, а поседува два хотели.