24фудбал

Пандев доби само аплауз од Сан Паоло, Наполи ја намали предноста на Јувентус на два бода (ВИДЕО)

Горан Пандев не успеа да постигне гол и против својот трет поранешен клуб, Наполи вечерва со минимални 1-0 славеше над Џенова

Италија

Избраниците на Сари го искористија киксот на Јувентус за одново да ја направат интересна трката за Скудетото. Вечерва Наполи ја доби пресметката со Џенова со минимални 1-0, но резултатот не го одликува она што се случуваше на теренот.

Домаќините имаа неколку 100% шанси, Инсиње ја погоди стативата во првиот дел, а Мертенс пак ја тресеше рамката од голот во вториот дел.

Па кога не им одеше на напаѓачите, на сцена стапи Албиол. Дефанзивецот највисоко скокна по еден корнер од левата страна и донесе 1-0.

Нашиот Горан Пандев не успеа да постигне гол и против својот трет поранешен клуб откако изминативе месеци ги тресеше мрежите на Интер и Лацио. Македонецот помина 67. минути на теренот, а мала утеха може да му биде тоа што кога ја напушти играта доби аплауз од домашните фанови кои очигледно ни ги забораваат неговите две години поминати на Сан Паоло.