24фудбал

Лудиот облог што Роналдо го направил со соиграчите во ноември

Егото на Кристијано Роналдо очигледно е толку големо што една голгетерска криза нема никакво влијание врз него, ЦР7 во ноември се обложил со своите соиграчи дека ќе биде прв стрелец во Шпанија

Шпанија

Португалецот вечера имаше уште една блескава партија во 2018 и на дуелот со Жирона дури четири пати се запиша во листата на стрелците. Тој сега зад своето име има 22 погодоци и е веднаш зад Лео Меси кој има постигнато 25 гола.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Кристијано Роналдо во ноември кога имаше само еден гол (а Лео Меси 12) и беше во голгетерска криза, им понудил облог на своите соиграчи. ЦР7 им велел на своите соиграчи дека ќе заврши како прв стрелец во Примера и ќе го освои трофејот „Пичичи“.

Двајца неименувани играчи го прифатиле облогот. Се работи за огромна сума на пари која ќе биде донирана во хуманитарни цели. Во тие моменти тврдењата на Португалецот изгледале смешни, но по одличниот старт на 2018, Кристијано Роналдо е на добар пат да биде прв стрелец и да го добие облогот со своите соиграчи.