24фудбал

Роналдо понудил 3,8 милиони евра за да биде ослободен, обвинителството бара 26,6 милиони евра!

Кристијано Роналдо се терети за затајување на данок, тој понудил да плати одредена сума за да биде прекнат процесот против него, но неговата понуда е многу далеку од тоа што го бара обвинителството.

Шпанија

Обинителството го одбило првиот обид на Кристијано Роналдо за спогодба. Од истрагата велат дека Португалецот требал да понуди бланко чек за да биде ослободен, а не сума која изгледа смешно споредено со тоа што треба да го плати.

Адвокатот на Роналдо, Хозе Антонио Коклан, пристигнал во обвинителството со сума од 3,8 милиони евра со која сакал да биде стопиран процесот против Роналдо, но добил негативен одговор.

Роналдо се терети за затајување на данок во висина од 14,7 милиони евра, покрај таа сума треба да плати и казна со што вкупната сума би изнесувала 26,6 милиони евра.

Кристијано Роналдо треба да ја плати сумата која ја бара обвинителството или да оди до крај на суд и да се обиде да докаже дека е невин, но со тоа ризикува да добие затворска казна.