24фудбал

Дориан Бабунски го постигна својот гол-првенец во Јапонија, во финишот донесе реми за својот тим (ВИДЕО)

Младиот македонски напаѓач проработе во јапонскиот фудбалски шампионат.

Македонија

Машида Зелвиа обезбеди реми на гостувањето кај Монтедио Јамагата, а гостинскиот табор си замина непоразен од ова гостување во рамките на 4 коло од втората лига на Јапонија, најмногу благодарение на нашиот Дориан Бабунски.

Помладиот брат на Давид кој настапува во елитниот шампионат на Јапонија, во дресот на Јокохама, својот гол за реми на Машида Зелвиа го постигна на една минута пред крајот на регуларните 90 минути игра.


Ова е прв гол за 21 годишниот македонски напаѓач во Јапонија, кој ќе потсетиме дека добар период мина и во младинските категории на Реал Мадрид.