24фудбал

„Те молам немој утре да го убиеш!“ – Мурињо со специјално барање по трансферот на Алексис Санчез

Црвената половина на Манчестер славеше откако „Ѓаволите“ го украдоа Алексис Санчез од редовите на лутиот ривал Манчестер Сити, но еден играч на Олд Трафорд не бил премногу импресиониран од трансферот

Англија

Репрезентативецот на Аргентина, Маркос Рохо веројатно е единственото лице на Олд Трафорд кое не се радувало на вестите за пристигнување на Алексис Санчез.

Дефанзивецот откри како реагирал кога дознал за трансфер на Чилеанецот и раскажа интересна анегдота за тоа што му порачал Жозе Мурињо.

„Алексис е одличен играч, но не се согласувавме многу на теренот – вели Маркос Рохо за ТиК Спортс. „Секогаш кога се среќававме еден против друг, без разлика дали тоа бил меч помеѓу Аргентина и Чиле или пак Манчестер јунајтед против Арсенал, добро го клоцав на теренот, а тој возвраќаше во иста мера“.

„Но тука не застанувавме, јас го вреѓав а и тој мене. Па кога дознав дека ќе се пресели во Манчестер јунајтед, реков: „Што по ѓаволите?. Нема шанси овој да ми се придружи“. На тренинг кампот во Дубаи, Мурињо ми пријде, ме потапка по рамо и ми рече: “Ќе го купиме Алексис. Те молам немој утре да го убиеш на тренинг“. И потоа „пукна“ од смеење“.