24фудбал

Донарума би можел да си замине од Милан за само 35 милиони евра претстојното лето

Младиот чувар на мрежата од голот на италијанскиот калчолигаш би можел да си замине за смешна сума, барем според талентот и квалитетот кој го поседува.

Останато

Џанлуиџи Донарума би можел претстојното лето да си замине од Милан доколку клубот не обезбеди место во Лигата на шампионите.

„Газета дело Спорт“ пишува дека 19 годишниот голман има откупна клаузула во неговиот договор со тимот од Милано во висина од околу 35 милиони евра што би можела да биде активирана претстојното лето доколку Милан заврши вон водечката четворка во Серија А, нешто што изгледа реалност.

На десет кола до крајот во Италија, Милан има пет бода негатива во однос на четвртопласираната екипа на табелата во Серија А, градскиот ривал Интер.