24фудбал

Навивачите на Хајдук „удрија“ по фудбалерите, најдебелиот крај го извлече Унгарецот Футач

Фудбалери на Хајдук нападнати од членови на „Торцида“ по поразот од големиот ривал Динамо Загреб.

Останато

Динамо Загреб викендов го доби големото дерби на хрватскиот фудбал, откако со 1-2 славеше на гостувањето кај својот лут ривал Хајдук во Сплит, и тоа во битката за титулата во тамошниот шампионат.

Од информациите кои пристигнуваат од Хрватска, се вели дека петмина фудбалери на Хајдук биле нападнати од навивачите на сплитскиот клуб ден по поразот од Динамо Загреб, а инцидентот се случил во центарот на Сплит.

Марко Футач, Хамза Бари, Савас Генчоли, Хјусен Мемола и Ахмед Саид биле нападнати по прошетката која ја имале во градот, а инцидентот се случил кога тие поминувале крај боксерскиот клуб на Торцида, откако од него излегле неколку лица кои го нападнале најпрво Саид поради лошите игри, посебно поради грешките кои ги направил на дербито.

Се вмешале и неговите колеги од тимот, кои се обиделе да ја смират ситуацијата, но, на крајот најдебелиот крај го извлекол Унгарецот Футач, кој примил удар во главата.