24фудбал

Ривалдо го советува Нејмар: Ако сакаш да бидеш најдобар на свет...

Поранешниот фудбалер на Барселона има свое видување за тоа како Нејмар да стане најдобар на светот.

Останато

Нејмар е доста интересна тема низ фудбалскиот свет, и по рекордниот трансфер во ПСЖ, се уште се шпекулира за неговата иднина, а како опција подолг период се споменува Реал Мадрид.

Легендата на Барселона и поранешен бразилски репрезентативец Ривалдо, има свое мислење за тоа како Нејмар може да стане најдобар фудбалер на светот.

Претходно имав нагласено дека Нејмар може да биде најдобар фудбалер на светот, но јас мислам дека тоа никогаш нема да го достигне доколку остане во ПСЖ“ рече Ривалдо.

Нејмар мора да го напушти ПСЖ, доколку погледнете што се случува во Англија, Италија, Шпанија, Германија... сее поинаку. Говорам од аспект на фудбалот, натпреварувачкиот дух. Нејмар нема да се врати во Барселона, а според информаците кои јас ги имам, а слушнав многу работи во последно време, ми се чини дека ќе премине во Реал Мадрид, верувам дека таму би станал најдобар фудбалер на светот“ додаде легендата на Барселона.