24фудбал

Каква мајсторија на Горан Пандев, совршен лоб на Македонецот! (ВИДЕО)

Со вистинско ремек дело Горан Пандев ја завери победата на Џенова против Верона од 3-1, најубав погодок оваа сезона на македонскиот капитен.

Македонија

Денеска им тргна на македонските фудбалери, по шоуто на Барди на Сан Мамеш, Горан Пандев даде совршен гол на Џенова која со 3-1 славеше над Верона.

Пандев почна од клупата, ги играше последните десетина минути, но голот кој го постигна во судиското продолжение долго ќе се памети.