24фудбал

„Ако во речник побарате „шлаг на торта“ ќе го видите овој гол на Пандев...” – како реагираше Твитер по магичниот лоб на Гоче

Горан Пандев ги запали социјалните мрежи откако против Верона со извонреден лоб од 16 метри го матираше гостинскиот голман и постигнат гол кој сигурно ќе биде кандидат за најубав во Серија А

Италија

Македонецот доби десетина минути против Верона, но и тоа беше доволно за напаѓачот да воодушеви. Во завршните мигови, Горан Пандев постигна извонреден лоб од 16 метри.

Твитер експлодираше по голот на Горан Пандев, кој доби честитки од сите страни за својата мајсторија.

„Ако во речник побарате „шлаг на торта“ ќе го видите овој гол на Горан Пандев... – гласеше постот на англискиот гигант БТ Спорт, заедно со видео од погодокот.

„Сигурно ќе сакате да го погледнете овој гол на Горан Пандев... – напиша еден од најпознатите портали за случувањата во Калчото, ФудбалИталија.

„Мама мија Пандев! Убав лоб, „3-1, Пандев само што го постигна голот на сезоната“, „Пандев со пракрасен гол за Џенова“, „Формата е привремена, класата е вечна“, „Каков еб*н гол на Пандев“, „Ова беше безобразно од Пандев“, „Каков дрзок лоб на Пандев, ова е гол од светска класа“, „Го обожавав Пандев во Интер, но немав престава дека го може ова“. „Сензационален лоб на Пандев, нереален гол“, „Моќта не е ништо без контрола“ - беа дел од коментарите.

Во случај да не сте го виделе голот за кој сите зборуваат, ова е мајгијата на Горан Пандев: