24фудбал

„Мбапе да покаже елеганција и што поскоро да соопшти дека заминува од ПСЖ“

Легендарниот Кристоф Дугари вели дека Килијан Мбапе го отслужил своето во ПСЖ, и го повика напаѓачот да покаже елеганција и што поскоро да соопшти дека заминува од Париз.

Франција

Изминативе денови често имаше гласини за иднината на напаѓачот, се пишуваше дека тој веќе му кажал ДА на Реал Мадрид, но потоа пристигне и демант, се уште ништо не е договорено.

Но легендарниот Кристоф Дугари смета дека напаѓачот уште сега знае дека нема да продолжи во Париз, па го повика да покаже елеганција и што поскоро да соопшти дека заминува.

„Мислам дека си го отслужи своето во ПСЖ. Без разлика дали го сакаме Мбапе или не го сакаме, мислам дека никогаш нѐ мамеше долу на теренот и даваше сѐ од себе. Јас би рекол дека можеше и повеќе, но само бидејќи станува збор за неверојатен играч“ - вели Кристоф Дугари.

„Ќе покаже голема елеганција доколку што поскоро каже дека заминува, ќе покаже зрелост“.

„Искрено, мислам дека веќе знае дека нема да остане во ПСЖ“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.