24фудбал

Мајката на Мбапе со шокантна исповед: Да можевме, на ПСЖ ќе му земевме 10 милијарди евра!

Мајката на Килијан Мбапе, Фајза Ламари не гледа ништо лошо во тоа што ПСЖ одвои луди суми за да го задржи напаѓачот, вели дека ќе земеле и 10 милијарди евра доколку тоа било возможно.

Франција

Килијан Мбапе во 2022 можеше беспари да го напушти Париз, па со цел да го задржи, ПСЖ не штедеше и му даде огромна плата (72 милиони евра бруто по сезона) како и стотици милиони евра во бонуси и премии на годишно ниво.

Многумина сметаат дека ова се луди суми, меѓу редови ова го призна и Насер Ал Келаифи, кој рече дека клубот ќе биде уништен, кога Килијан Мбапе пред почетокот на сезоната реши да не ја продолжи соработката, па на крајот мораше да се откаже од 80-100 милиони евра за да се врати во тимот.

Но мајката на Килијан Мбапе не се сложува со ова, доколку се прашшува таа, ќе земеле и 10 милијарди евра доколку тоа било возможно.

„Не чувствувам вина, ниту пак срам. Да можевме, ќе земавме и 10 милијарди евра!“ – вели Фајза Ламари.

„Таков е системот, така функцинираат работите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.