24фудбал

Големото летно засилување на ПСЖ имал сериозни здравствени проблеми, ослабнал дури 6 кг

Медиумите од Португалија пишуваат дека големото летно засилување на ПСЖ, Гонсало Рамос имал силна вирусна инфекција поради која ослабнал дури 6 килограми.

Франција

„Светците“ минатото лето го позајмија Гонсало Рамос со цел да ги заобиколат правилата за ФФП, но кратко потоа соопштија дека напаѓачот е целосно купен во зделка вредна 65+15 милиони евра.

Португалецот во месец декември одигра само 1 минута, а како што пренесуваат медиумите, Гонсало Рамос имал сериозни здравствени проблеми.

Голгетерот закачил силна вирусна инфекција поради која ослабнал дури 6 килограми. Кога за божиќните празници се вратил во Португалија, морал да биде хоспитализиран поради компликации.

Но сето ова е минато, тој добро се опоравува и наскоро ќе се врати во полна форма.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.