24фудбал

Мбапе не гледа ништо лошо во тоа што заработува 100 милиони евра годишно: Не ги крадам, едноставно таков е фудбалот

Килијан Мбапе не гледа ништо лошо во тоа што заработува 100 милиони евра годишно или преку 2.000 пати повеќе од просечната заработувачка во Франција, вели дека не ги краде овие пари, едноставно така функционира фудбалот.

Франција

Французинот во емисијата „Енвој Спешл“ говореше на многу теми, а една од нив беше огромната сума на пари која ја заработува.

Новинарите го прашаа што има да каже за тоа дека годишните приходи му се преку 100 милиони евра, односно 2.000 пати повеќе од просечната заработувачка во Франција.

Килијан Мбапе не ја демантираше бројката и порача: „Искрено, не знам колку точно заработувам, но уште кога имав 12 години бев свесен дека во фудбалот има премногу пари“.

„Ги заслужувам парите кои ги заработувам. Не крадам од никого, едноставно таков е фудбалот“.

Претходно, неговата мајка порача дека не чувствува ниту вина, ниту пак срам од ваквата сума, да можеле, на ПСЖ ќе му земеле и 10 милијарди евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.