24фудбал

Лудо сценарио: Ако никој не сака да му ја исполни желбата, Мбапе неколку месеци ќе биде без клуб?!

Килијан Мбапе сака по секоја цена да настапи на Олимписките игри во Париз, и доколку ниту еден клуб не изрази намера да му ја исполни желбата, тој е подготвен да биде слободен играч и без клуб цело лето.

Франција

Напаѓачот ги одработува последните месеци од договорот со ПСЖ, уште сега може да си подаде рака со друг клуб, но се чини дека неговата трансфер сага ќе потрае барем уште неколку недели, ако не и месеци.

Реал Мадрид и понатаму се посочува како главен фаворит, ПСЖ не губи надеж и со огромна сума на пари (100 милиони евра по сезона) го убедува да остане, а клубовите од Премиерлигата внимателно следат што се случува и се подготвени да се приклучат во наддавањето.

Ккао што пренесува новинарот Бен Џејкобс, Килијан Мбапе има еден желба која мора да му биде исполнета по секоја цена, во спротивно нема да потпише со идниот клуб.

Французинот сака летоска да настапи на Олимписките игри во Париз, па клубот кој ќе го ангажира, мора да даде зелено светло за ова.

Не се исклучува ниту едно лудо сценарио во кое Килијан Мбапе со месеци ќе биде слободен играч и без клуб за целиот фокус да му биде на Европското првенство и Олимписките игри, па откако ќе завршат овие големи настани, тој да потпише за некој клуб и да му се придружи многу подоцна од вообичаеното.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.