24фудбал

„Ле Паризиен“ најави трансфер бомба: Мбапе донесе одлука!

Весникот „Ле Паризиен“ попладнево објави дека Килијан Мбапе донел одлука, напаѓачот нема да го продолжи договорот со ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид.

Франција

Се најавува крајот на трансфер сагата на Килијан Мбапе, кој ги одработува последните месеци од договорот со ПСЖ.

Весникот „Ле Паризиен“ попладнево објави дека Французинот донел одлука.

Килијан Мбапе го информирал ПСЖ дека нема да стави потпис на нов договор, напаѓачот решил дека е време да се пресели во Реал Мадрид.

„Најголемата ѕвезда на францускиот фудбал се сели во најголемиот клуб во светот“ - се вели во текстот.

„Ле Паризиен“ додава дека во моментов нема дил помеѓу Килијан Мбапе и Реал Мадрид, но зад сцената, двете страни активно работат на најголемиот договор во соблекувалната на „Сантијаго Бернабеу“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.